Фото: ecoBirdy
Дизајнерите од студиото ecoBirdy, со седиште во Антверпер, Белгија изработија мебел од стари и неискористени пластични играчки, пишува Dezeen.
Изработените столчиња, масички, ламби и садови за складирање ги има во разни бои и истите можат повторно да се рециклираат. За да дојдат до финалниот производ дизајнерите две години истражувале како се рециклира овој вид на пластичен отпад.
Целиот процес започнува со собирање на играчките, нивно сортирање, по што доаѓа чистење и мелење. Откако ќе се одвојат различните бои, малите парчиња или “снегулки“ се трансформираат во мазен, лесен и издржлив мебел скроен според потребите на децата.