Ecocapsule – самоодржлива куќа што ги користи природните ресурси

143

ecocapsule_high_tatras_1

Фото

Eccocapsule е самоодржлива паметна куќа што се напојува исклучиво со сончева и ветерна енергија. Дизајнирана е за независно сместување, може да послужи како колиба и како станица за полнење на електрични автомобили.

Капсулата на кровот има поставено соларни панели со цел да се зголеми производството на сончева енергија коешто засега е 600 вати. Ветерната турбината пак, генерира 750 вати за 24 часа. Телескопскиот столб на којшто се поставува турбината е лесен за склопување и транспорт, а може да произведува енергија 24/7. Обликот на Eccocapsule не само што го намалува губењето на топлина, туку и го собира дождот од својата површина во резервоар и потоа го филтрира.

Мини домот нуди можност за еко-живот и може да се користи во специфични средини. Капсулата не треба да се вклучи во традиционално снабдување на енергија и вода бидејќи е самоодржлива.