Ecopod – вендинг машина што се грижи за животната средина

74

Хенри Пино, претприемач од Мајами креираше вендинг машина наречена Ecopod, којашто ја “чува околината“, пишува CNN.

Машината обезбедува биоразградливи производи за чистење, течен детергент, омекнувачи, универзални средства за чистење, средства за миење на садови во амбалажи за повеќекратна употреба.

Според Пино, со ваквиот начин на купување се заштедуваат дури 50% од сумата што вообичаено би ја платиле за слични производи во продавница.

За да го создаде прототипот му биле потребни две години, а во 2015 година поднел барање за патентирање на производот, којшто го добил една година подоцна. Производството на Ecopod започна во септември 2017 година и досега има пет вакви машини во станбени згради во Мајами.

Во јануари компанијата ја отвори својата прва продавница, каде луѓето можат да купат Ecopod пакет за 20 долари и да добијат дополнување на производите.

Станарите каде што се инсталирани вендинг машините добиваат бесплатни примероци, вклучувајќи детергент за перење, за миење садови, за различна употреба и слично.

Фото: Ecopod