Ecoship – брод што ќе се движи од силата на ветрот и сонцето

36

pb_proa__01-web

Фото: Oliver design

Јапонската организација Peace Boat работи на проект за изградба на еколошки патнички брод, пишува CNN.

Ecoship, за чиј дизајн се погрижи студиото Oliver design, моментално е во последна фаза на планирање, а истиот ќе го гради финската компанија  Arctech. Изградбата ќе чини 500 милиони долари, средства што ќе бидат финансирани од влијателни инвестициски фондови, богати семејства и луѓе кои сакаат да профитираат, но и да придонесат за поздрава околина.

Бродот ќе го движи енергија сонцето и од ветрот, а ќе користи и течен природен гас, што ќе придонесе за 40% помалку емисии на штетни гасови во споредба со традиционалните патнички крузери.

Дизајнот на Ecoship е специјално направен за да потсетува на формата од кит. Иако ќе биде помал од повеќе вакви бродови, ќе може да смести 2.000 патници, а ќе биде и одлично место за одржување на конференции и слични настани кога нема да плови.

Од Peace Boat се надеваат дека бродот ќе го направи своето прво испловување во 2020 година. Патниците за крстосувањето ќе плаќаат од 15.000 до 18.000 долари со вклучен превоз, храна и останати активности. Ќе се одржуваат разни видови на забава, ќе има велнес програми, предавања и работилници со различни теми.