Еден грам пчелин отров достигнува цена и до 70 долари

528

pcelin otrov

Сулејман Јакуповиќ од Босна и Херцеговина веќе четири години успешно собира пчелин отров – апитоксин, чија цена може да се спореди со дијамант, бидејќи се движи од 50 до 70 долари за еден грам, пишува Фокус.ба.

Тој вели дека за собирање на пчелниот отров не се потребни големи инвестиции, но дека е потребно големо знаење, првенствено познавање на начинот на животот на пчелите, додека од технички аспект потребен е само симулатор и плоча.

Пчелниот отров се собира на тој начин што покрај кошницата се поставува стаклена плоча поврзана со симулатор којшто произведува одредена фреквенција на струја којашто ги иритира пчелите. Бидејќи се предизвикани, пчелите ја “напаѓаат“ стаклената површина, односно го испуштаат отровот. Вообичаено, доколку пчелите каснат некого, тие го губат осилото и умираат. Но, во овој случај само го ослободуваат отровот, но не и осилото и затоа пчелите преживуваат.

pcelin otrov 1

Пчелниот отров најчесто се собира во период од 15-ти април до 15-ти јули. Во текот на една сезона од едно пчелно семејство може да се соберат максимални 5 грама апитоксин. Еден грам никогаш немал цена пониска од 50 долари, а може да достигне и до 70 долари.

“Пчелниот отров се користи во медицината за лекување на 70 различни автоимуни болести. Најчесто за мултиплекс склероза, ревматски артритис и заболувања на крвните садови. Покрај тоа, често се користи за серуми кај луѓе кои доживеале шок, а се алергични на убод од пчели“, додава Јакуповиќ.