Еден од клучните луѓе на Google ја напушта компанијата по 18 години

21

Ерик Шмидт, еден од најважните луѓе во Google, си оди од одборот на директори на Alphabet во јуни, по цели 18 години, пишува The Verge.

Неговото напуштање на компанијата доаѓа една година откако Шмидт даде отказ од својата работна позиција како извршен претседател на Alphabet. Тој одигра една од најважните улоги во Google, од 2001 година па наваму, кога беше назначен за извршен директор од страна на основачите на технолошкиот гигант Лери Пејџ и Сергеј Брин. На оваа позиција Шмидт беше 10 години.

Според него напуштањето на компанијата е логичен чекор со цел да има повеќе време за да го “сподели своето знаење со младата генерација“.

Шмидт ќе продолжи да работи во неговата филантропска организација Schmidt Futures, и ќе служи како ментор на младите таленти во Alphabet и Google.

Фото:Facebook