Еден од најбогатите Британци се сели во Монако

80

Сер Џим Ретклиф, кој е еден од најбогатите Британци и меѓу најгласните заговорници за Брегзит, ја напушти Велика Британија и се сели во Монако, пишува Гардијан.

И покрај неговите претходни тврдења дека Велика Британија ќе биде “совршено успешна“ без Европската унија, Ретклиф реши да ја напушти татковината и да се пресели во Монако, каде не се плаќа данок на доход.

Шеесет и седумгодишниот Ретклиф е сопственик на најголемата британска петрохемиска компанија Ineos, а неговото богатство се проценува на 19,2 милијарди долари. Поради селидбата во Монако, тој би можел да заштеди околу пет милијарди долари.

Како што пренесува Гардијан, луѓето кои живеат во Монако најмалку 183 дена годишно, не плаќаат данок на доход и на имот, додека највисоката даночна стапка во Велика Британија е 45% на доход над 190.000 долари годишно.

Пред да се пресели во Монако, Ретклиф бил трет најголем даночен обврзник во Велика Британија, кој во 2017-та и 2018-та година уплатил над 140 милиони долари.

Фото: Facebook