Еден од тројца жители на Бугарија немаат банкарска картичка

23

kreditna-karticka-paricnik-pixabay

Фото: Pixabay

Еден од тројца жители на Бугарија или 38% од населението не поседуваат банкарска картичка, јавува порталот Сега.

Официјалните податоци на компанијата Mastercard покажуваат дека останатите 62% од населението поседуваат дебитни картички и сè почесто ги користат за плаќање. Две третини од сопствениците на картички, истите ги користат најмалку еднаш неделно, а за онлајн купување најмалку еднаш во месецот.

Со банкарски картички, според податоците, најмногу се купуваат прехранбени производи (65%), што претставува зголемување од 17% во споредба со 2016 година. Се зголемува и бројот на картички што се користат за плаќање во ресторани, кафулиња и клубови, што е доказ за свесноста на потрошувачите за придобивките од електронското плаќање.