Еден отсто од луѓето се богати колку половина свет

24

Вкупното светско богатство порасна за 9,8 отсто и достигна ниво од 463,6 милијарди долари во 2021 година.

Соединетите Американски Држави придонесоа најмногу за ова, со повеќе од половина од вкупниот пораст на богатството, додека Кина придонесе една четвртина. Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија и Латинска Америка заедно сочинуваа само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство минатата година, според извештајот објавен од Credit Suisse.

Најбогатиот еден процент на планетата продолжува да акумулира 45,6 отсто од богатството во 2021 година, пишува El Pais.

Во однос на распределбата на богатството, извештајот тврди дека во текот на овој век, глобалната нееднаквост се намалила, поттикната од брзиот раст на пазарите во развој. Оваа претпоставка е поткрепена со фактот дека сегментот на оние со богатство меѓу 10.000 и 100.000 долари најмногу пораснал од почетокот на векот (од 504 милиони на 1.800 милиони поединци).

Во извештајот на Credit Suisse се наведува и дека 2021 година била „добра година“ за финансии.