Единствена земја во Европа каде дроновите се целосно забранети

143

Teхнологијата на дронови се развива многу брзо во последните години. Првиот лет на беспилотно летало бил направен во 1917 година во Велика Британија.

Првите беспилотни летала се развиени во Велика Британија и САД за време на Првата светска војна. Британскиот Aerial Target, мал радио – контролиран авион, првпат е тестиран во март 1917 година, додека американското Kettering Bug, првпат полета во октомври 1918 година.

Ниеден не бил оперативно користен за време на војната, но сепак навестуваа до каде може да се развива овој вид технологија, пренесува порталот mreža.bug.hr.

Силниот технолошки развој, сепак не е придружен со законодавството што ја регулира областа. Нема обиди да се воспостави какво било меѓународно законодавство, па затоа регулативата за употреба на беспилотни летала се разликува од земја до земја низ целиот свет.
Surfshark го анализираше законодавството на 210 земји во светот, а најмалку 143 земји имаат некаква форма на регулирање на беспилотните летала. Во некои земји се движат од тотална забран до релативно неограничена употреба, но повеќето законодавства се концентрираат на прецизни правила за употреба на беспилотни летала.

Додека некои земји, како што се Куба, Ирак, Иран и Кувајт,  забранија употреба на беспилотни летала, други донесоа закони што овозможуваат поекспериментална употреба на технологијата.

На секој континент, барем една земја дозволува употреба на беспилотни летала далеку од очите на оние што ги управуваат со нив.

Европа има најлиберални регулативи за беспилотните летала во споредба со другите континенти. Дури 27% од европските земји дозволуваат неограничена употреба на беспилотни летала (меѓу нив и Србија), а глобалниот просек е 18%.

Единствената земја во Европа каде беспилотните летала се целосно забранети е Словенија. Во Македонија е дозволено користење на дрон само во видното поле на управувачот.

Фото: Surfshark