Единствена земја во Европа со зголемена продажба на автомобили

211

Турција ги надмина европските земји и стана единствениот пазар што успеа да ја зголеми продажбата на автомобили од јануари до мај, објави весникот Daily Sabah.

Автомобилскиот сектор е меѓу индустриите што се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, бидејќи блокадата ги затвора автокуќите и го запира производството и продажбата.

Според Европската асоцијација за автомобилска индустрија, продажбата на автомобили во Европската унија, Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) падна за 42,8% од јануари до мај годинава и изнесува скоро 3,97 милиони единици по три месеци невиден пад во регионот, со двоцифрен пад на повеќето пазари. Во истиот период минатата година беа продадени околу 6,94 милиони единици.

Што се однесува до Турција, продажбата скокна за 20 % во однос на минатата година во јануари-мај, според Здружението на дистрибутери на автомобили.

Хрватска го презеде водството, известувајќи за најголем пад во споменатиот периодот од 55,8 %, по што следат пад од 54,2 % во Шпанија и пад од 51,4 % во Велика Британија, покажуваат податоците.

Фото: Pixabay