Единствениот Мекдоналдс во светот кој нема жолто лого

229

Само еден ресторан на Мекдоналдс во светот не е означен со големо жолто „М“. Ресторанот во градот Седона има сино лого, поради што стана туристичка атракција. 

Градот Седона во Аризона е познат по зачувување и промовирање на природни убавини, па кога во 1993 година се отворил ресторанот за брза храна, локалниот совет сугерирал дека буквата М не треба да биде жолта – бидејќи тоа ќе го расипе прекрасниот пејзаж – туку да биде сина.

Нивниот предлог бил одобрен, а синото лого до денес стана многу популарно – толку многу што е едно од првите работи што туристите одат да ги видат.