Единство од Струмица за девет месеци прокнижи 252.000 денари добивка

36

edinstvo strumica

Текстилната компанија Единство од Струмица, од јануари до септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 252.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 174.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та година беа на ниво од 55.940.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 1.068.000 денари, додека поголемиот дел од 54.872.000 денари отпаѓаат на извоз.

Во периодот од јануари до септември минатата година, Единство од Струмица имаше вкупна реализација од 60.806.000 денари. На домашен пазар беа реализирани 482.000 денари, а поголемиот дел од 60.324.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на панталони, јакни и друг вид на конфекција.