Eдна година Гемак веб продавница – Роденденски попуст за онлајн нарачки

47

Компанијата Гемак Трејд одбележува една година од отворањето на својата веб продавница. На шести мај, 2020 година беше лансиран новиот е-канал за продажба кој овозможи брзо и едноставно пазарување на производите од портфолиото на Гемак, а изминатата година се заокружува со стотици реализирани нарачки и повеќе илјади продадени производи.

“Горди сме на годината што измина, до толку повеќе што ова беше година полна со предизвици, а ние, токму преку нашата веб продавница, успеавме да останеме достапни за нашите консументи, целосно и навремено да одговориме на нивните побарувања. Се прилагодивме и ги забрзавме процесите во компанијата за отворање нов канал за продажба со цел да одговориме на актуелните состојби. Една година подоцна, задоволни сме од оствареното и веруваме дека секоја наредна ќе биде уште подобра. Остануваме посветени на иновативност, раст и развој во сите сегменти од нашето работење“, велат од Гемак.

По повод првиот роденден на веб продавницата, Гемак Трејд подготви промотивно роденденско изненадување. Сите оние кои денеска, шести мај, ќе направат нарачка во вредност над 3.000 денари, ќе добијат попуст на нарачката од 500 денари.

Во онлајн продавницата на Гемак можат да се купат сите добро познати брендови алкохол, газирани пијалаци, кафе и чај од портфолиото на компанијата, како и производи за домаќинство. Старосната граница за пазарување во нашата онлајн продавница е достапно само за полнолетни граѓани (18+).