Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека патницитеод крузерите ќе платат 20 евра за да ги посетат островите Миконос и Санторини на неколку часа во екот на туристичката сезона.
Мицотакис на традиционалната прес-конференција во рамки на Меѓународниот саем во Солун рече дека Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам и дека целта не е пристигнувањето туристи, туку приходите од туризмот.
„Би сакале повеќе туристи, кои трошат повеќе пари“, рече тој, додавајќи дека прекумерниот туризам на одредени дестинации создава проблем неколку недели или месеци во годината, пишуваат грчките медиуми.
„На пример, бродовите за крстарење многу ги оптоваруваат Санторини и Миконос и затоа интервенираме и воведуваме такса за крстарење која ќе биде 20 евра во текот на летните месеци. „Дел од овие пари ќе се вратат во месните заедници за инфраструктурни проекти“, рече тој.