Една компанија од Македонија меѓу најголемите 100 во ЈИЕ

30

Џонсон Мети на 62-то место е единствената фирма од Македонија рангирана меѓу првите 100 најголеми компании во Југоисточна Европа во 2013 година во истражувањето TOP 100 SEE реализирано од бугарската агенција SeeNews од Софија, пренесува Миа.

Истражувањето опфаќа и рангирање на најголемите банки и осигурителни компании во Југоисточна Европа, а најдобро рангирана македонска банка е Комерцијална банка на 54-то место, Стопанска банка е 57-ма, а НЛБ Тутунска банка се наоѓа на 69-тото место. Најдобра македонска осигурителна компанија е Тргилав осигурување АД на 64-то место, Еуролинк осигурување АД е на 85-тото место, а Македонија Скопје АД – Виена Иншуранс Груп, поранешна Кјуби Македонија е на 90-тото место.

Од најдобрите македонски компании ОКТА АД е на 103-тото место, ЕВН Македонија на 105-то, Макпетрол АД на 143-то, Електрани на Македонија АД на 209-то, Фени Индустри на 266-то, Македонски Телеком АД на 313-то, Т-Мобиле Македонија АД на 334-то, Лукоил Македонјија ДООЕЛ на 337-мо и Арцелор митал Скопје (ЦРМ) АД на 354-то место.

Првото место на рангирањето за најдобра компанија во Југоисточна Европа го зазема романската нафтена компанија ОМВ Петром со приход од 4,27 милијарди евра и нето профит од 1,08 милијарди евра. На рангирањето доминанти се и останатите нафтени компании од регионот меѓу кои и ОКТА АД која се наоѓана 103-тото место. Наjдобра банка во регионот по четврти пат е романската Банка Комерцијала Романа, а најуспешна осигурителна компанија е Заваровалница Триглав од Љубљана со удел од 605,8 милиони евра во осигурителниот пазар на ЈИЕ.

TOP 100 SEE е годишно рангирање на најуспешните и најголемите компаниии во Југоисточна Европа. Во него се вклучени анализи и интервјуа за перформансите на компаниите, нивните планови и очекувања за раст, индустрискиот развој и предизвиците со кои се соочува економијата на земјите од ЈИЕ.