Здружението за еднородителски семејства Една може! со поддршка на Комерцијална банка на 25-ти овој месец организираат настан на којшто ќе се понудат креирани парчиња на веќе носена, но добро сочувана облека.
Продажниот настан, под името Recycling, reusing and upcycling – women helping woman, има за цел да ја зголеми свеста за негативното влијание од потрошувачката треска и да се актуелизира рециклирањето, како начин за заштеда на финансии и заштита на планетата од загадување.
“Создаваме неодоливи парчиња коишто ќе имаат специјално место во вашите плакари, но радоста ќе биде и во нивната соодветна практична намена, бидејќи ќе ја раскажуваат приказната за едно еко – совесно и креативно општество“, порачуваат од Една може!.
Дизајнерските производи ќе бидат изложени во дневниот работен простор на Една може! на улицата Народен фронт број 5 во Скопје.