Вкупно 29 милиони девојчиња и жени во светот или една на вкупно 130 жени живеат во модерно ропство, покажува извештајот на организацијата за борба против ропство, Walk Free, пренесува дигиталниот канал Wthr.com.
“Денес во ропство живеат многу повеќе луѓе од било кога во историјата“, вели Форест на конференција за новинари во Обединетите Нации во Њујорк.
Модерното ропство се дефинира како “систематско одземање на личната слобода, при што лицето се злоупотребува за нечија лична или финансиска корист“.
Според Форест, експлоатацијата на жените е “нормализирана во економијата“, како и во миграционите патишта што се влоши поради пандемијата, со “зголемен пораст на присилни и детски бракови и експлоатација на работници ширум светот“.
Фото: Freepik