Една од омилените туристички дестинации воведува забрана за изнајмување соби

104

Луѓето кои изнајмуваат соби за туристи во Барселона за неколку денови, наскоро тоа нема да смеат да го прават затоа што градот е на чекор до носење на нов план со којшто тоа се забранува.

Голем број туристи ја посетуваат Барселона секоја година, а тамошните власти се загрижени за прекумерниот број туристи и стравуваат да не станат како Венеција.

Популацијата во Венеција од 180.000 жители од 60-тите години на минатиот век, денес опаднала на 60.000 жители бидејќи над два милиони посетители секоја година го посетуваат градот.

Ситуацијата во Барселона сè уште не е толку драматична затоа што од една страна таа е многу поголема од Венеција, и исто така истражувањата на јавното мислење покажуваат дека жителите на Барселона се “протуристички настроени“.

Сепак, како дел од пакетот мерки наменети за заштита на долгорочното изнајмување на соби и станови, канцеларијата на градоначалникот предложи план што ќе дозволи  да се издаваат соби за 30 дена или подолго.

Планот опфаќа и други мерки, како што е ограничување на работата на платформата Airbnb.

Доколку овој план се прифати Барселона ќе има најстрога контрола во изнајмувањето соби во светот.

Целта на планот е да се воведе некој ред во индустријата, затоа што бројот на туристи во Барселона расте секоја година, па сè почести се критиките на локалците поради превисоките цени, поради премалиот простор за живот, како и поради лошиот квалитет за живот и постојаната врева која што ја прават туристите.

Фото: Pixabay