Една порака од Илон Маск ги катапултираше криптовалутите

222

По кој знае кој пат е потврдено – Илон Маск има неизмерно влијание на пазарот на криптовалути. Неговиот вчерашен Твит во кој изрази поддршка за криптовалутите и особено за Dogecoin веднаш остави трага на пазарот.

„Ќе продолжам да го поддржувам Dogecoin“, им напиша Маск на своите речиси 99 милиони следбеници.

Твитот на Маск предизвика вистински скок на пазарот, што ставот на најбогатиот човек на светот го гледаше како знак за обновена доверба во криптовалутите, додека се поставуваат многу прашања за иднината на проектите и компаниите.

Цената на Dogecoin, која изнесуваше 0,052307 долари за минута пред пораката на Маск, подоцна вредеше 0,058037 долари, што претставува зголемување од 8 отсто, според CoinGecko.

Следеа цените на другите монети. Биткоинот, најпопуларната криптовалута, оживеа: цената скокна близу 20.000 долари, што претставува зголемување од 4,7 отсто во последните 24 часа. Биткоинот падна на 17.677,43 долари на 18 јуни пред да се опорави на 18.290,75 долари непосредно пред изјавата на Маск.