Една третина од Европејците посетуваат онлајн курсеви и користат онлајн материјали за учење

Една третина од Европејците, или 34,8 проценти од корисниците на интернет, посетувале онлајн курсеви и користеле материјали за учење на интернет во 2025 година, објави денес Евростат.

Ова е раст од 1,4 процентни поени во споредба со 2024 година и значителен скок во споредба со 2019 година, кога помалку од една четвртина од корисниците на интернет, односно 21,4 проценти од анкетираните корисници, користеле вакви ресурси.

Највисок процент на граѓани кои добиваат дополнително образование преку интернет е забележан минатата година во Холандија, 60,2 проценти, по што следат Ирска, 59,7 проценти, Финска, 50,7 проценти и Шведска, 50,6 проценти.