Еднакви плати за мажите и жените во приватниот сектор во оваа арапска земја

45

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) претставија нов закон што предвидува еднакви плати за мажите и жените кои работат во приватниот сектор, пренесува CNBC.

Шеиката Манал бинт Мохамед…, најстара ќерка на Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум и претседателка на Советот за родова еднаквоста во Обединетите Арапски Емирати, на Twitter го најавија новото законско решение.

“Овој чекор несомнено ќе ја поттикне социјалната инклузија на жени, да ја поддржи нивната улога во националниот развој и да го подобри статусот на ОАЕ на глобалниот индекс за родова еднаквост“, напиша таа.

Според World Economic Forum Global Gender Gap report за оваа година, ОАЕ е на 120-то место од 137 земји во светот во категоријата “економско учество и можности“.

Индексот за родова нееднаквост на Програмата на Обединетите нации за развој за 2019-та година покажа дека земјата им овозможила на 51% од жените да се вклучат во работните процеси, додека кај мажите тој процент е далеку повисок – 93%.

Фото: Twitter