Еднодневна трибина Станете бизнис ангел – поддржете успешна бизнис идеја

39

Еднодневна трибина Станете бизнис ангел – поддржете успешна бизнис идеја, ќе се одржи на 27-ми февруари, од 12:00 до 14:30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Скопје, во организација на CEED Macedonia Business Angels Club.

На трибината ќе се обратат Јован Маџовски од CEED Global, Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели, Академик Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Вељанд Рамадани, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Сибил Зутер, амбасадор на Швајцарија во Македонија, како министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот без ресор, Зоран Шапуриќ.

Настанот е поддржан од Министерство за економија и Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP).

Самиот збор “ангел“ значи нешто големо, нешто возвишено, а изборот на зборови не е случаен. Бизнис ангелите се токму тоа, сторители на добри дела, помош кога е најмногу потребна, поддршка и мотивација.

CEED Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Од Јануари 2016 година, CEED Business Angels Club е официјално членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network).

Во клубот на бизнис ангели во Македонија, во моментов има 20 претприемачи кои можат да инвестираат во бизнис идеи или постоечки бизниси, доколку забележат потенцијал за раст. Првите идеи пред членовите беа презентирани на втори април 2014 година. Во декември истата година е направена првата инвестиција, втората во мај 2015 година, третата во јуни 2016, а четвртата во јули минатата година. Досега се претставени 135 бизнис идеи, а се инвестирани 250.000 евра.

Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани претприемачи може да се пријават на следниот линк, а подетални информации може да добиете на bramljak@ceed-macedonia.org и на  076 496 616 (Биљана Рамљак).