Едукација за Згради со енергија близу до нула на ФЕИТ

26

На Факултетот за електротехника и информациски технологии, од утре (23.01.2016, сабота) почнува тренинг курс за Згради со енергија близу до нула (Nearly Zero Energy Buildings – NZEB).

Во рамки на проектот Форум за енергетски професионални вештини (MEnS), финансиран од Европската Унија преку програмата Хоризонт 2020, преку овој курс ќе поминат околу 120 дипломирани градежни, машински и електротехнички инженери и архитекти од Македонија.