Eгипет планира да заработи седум милијарди долари од туризмот

29

Египет планира да генерира приходи од туризам меѓу шест и седум милијарди долари оваа година, изјави заменик-министерот за туризам на земјата, Гада Шалаби.

Приходите од туризам минатата година паднаа за 70%, како резултат на пандемијата, пишува Ројтерс. Оваа економска гранка претставува дури 15% од БДП на Египет.

Бројот на туристички посети на Египет минатата година падна на 3,5 милиони, во споредба со 13,1 милиони во 2019 година.

“Во 2021 година, тие очекуваат бројот на туристи да достигне 60% од претходната година“, истакна Шалаби.

Во меѓувреме, Египќаните очекуваат да привлечат повеќе од милион руски туристи, бидејќи наскоро треба да се воспостават директни летови. Директните летови од Русија до популарните египетски одморалишта беа прекинати во 2015 година, откако 224 лица загинаа во падот на рускиот патнички авион над Синај.

Фото: Pixabay