Eвропската инвестициска банка (ЕИБ) од 2021 година ќе престане да финансира проекти поврзани со фосилни горива.
Со новата одлука ќе се намалат годишните инвестиции коишто изнесуваа две милијарди евра, пишува Reuters.
Забраната ќе стапи на сила една година подоцна од предложеното, по донесена одлука од страна на земјите членки на ЕУ.
Според новата регулатива, енергетските проекти коишто ќе аплицираат за финансирање од ЕИБ ќе мора да покажат дека можат да произведат еден киловат енергија, со емитување на помалку од 250 грама CO2. На овој начин се исклучени фабриките што согоруваат гас на традиционалниот начин.
Од 2013 година банката има потрошено 13,4 милијарди евра за финансирање на проекти со фосилни горива.
Фото: Pixabay