ЕК ја тужи Данска бидејќи продолжува да става ознака фета на нејзините сирења

26

Европската комисија (ЕК) ја тужи Данска поради тоа што не ја запрела праксата на домашните компании да прават и извезуваат сирење надвор од ЕУ под ознаката Фета.

Фета сирењето има ознака за заштитено географско потекло во ЕУ од 2002 година и како такво може да се произведува само во Грција според точно утврдена технолошка постапка за производство.

Комисијата уште во јануари минатата година покрена прекршочна постапка против Данска, а сега соопштува дека земјата не направила ништо конкретно за да го реши проблемот.

Фото: Pixabay