ЕК очекува поголем економски раст од предвиденото во ЕУ

26

Европската комисија предвидува дека по “шокот со историски размери“ предизвикан од пандемијата Ковид-19, економијата на ЕУ ќе порасне за 4,2% во 2021 година и за 4,4% во 2022 година.

За земјите од еврозоната се предвидува раст од 4,3 и 4,4% во следните две години, беше објавено во најновата економска прогноза на Европската комисија.

“Европската економија ќе забележи силен раст оваа и следната година, повисок од очекуваниот. Забрзаната вакцинација ќе придонесе за тоа, што ќе доведе до олеснување на ограничувачките мерки во втората половина на 2021 година, како и употреба на европски пакети за економско закрепнување“, вели европскиот комесар за економија, Паоло Џентилони.

Фото: Pixabay