ЕК одобри договор за набавка на дополнителни 300 милиони дози од Moderna

8

Европската комисија (ЕК) го одобри вториот договор со фармацевтската компанија Moderna за набавка на дополнителни 300 милиони дози против коронавирусот, од кои 150 милиони дози ќе бидат испорачани оваа година, а остатокот догодина.

“Денеска обезбедивме 300 милиони дополнителни дози вакцини против коронавирусот што ги произведува Moderna. Вакцината на компанијата е едно од трите коишто досега беа одобрени за користење во Европската унија“, изјави Урсула фон дер Лејен, претседател на ЕК.

Со овие дополнителни дози, Европската унија обезбеди околу 2,6 милијарди дози за своите граѓани и за соседните земји.

Фото: Pexels