ЕК предлага повеќе мерки за намалување на ширењето на пандемијата

31

Европската комисија (ЕК) предложи повеќе мерки за забавување на ширење на коронавирусот, коишто меѓу другото вклучуваат масовно и брзо тестирање, подготовка на кампања за вакцинирање, ефикасни апликации за следење на контакти.

“Ситуација е многу сериозна. Мора да го забрзаме одговорот на ниво на ЕУ“, изјави Урсула вон дер Лејен, претседателка на ЕК.

Комисијата побара од земјите членки да преземат дополнителни чекори и да делуваат на координиран начин додека Европа повторно станува жариште на пандемијата.

“Растот на бројот на заразени во делови од Европа е многу алармантен. Потребни се одлучни мерки за да може Европа да ги заштити животите и средствата за живот, да го намали притисокот на здравствениот систем и да го надгледува ширењето на вирусот“, изјави комесарката за здравство, Стела Кириакидес.

ЕК препорачува поголема употреба на антигенски тестови што даваат брзи резултати и ги повикува земјите членки до средината на ноември да изработат национална стратегија за тестирање. Комисијата ќе одобри 100 милиони евра за брза набавка на ваков вид на тестови.

Комисијата преговара и со производители за набавка на вакцини за да се обезбедат доволни количини, откако ќе биде утврдено дека се сигурни и ефикасни.

Фото: Freepik