ЕК со директива ќе ја зголемува минималната плата

57

Европската комисија (ЕК) предложи директива чија цел е зголемување на минималната плата и прилагодување на трошоците на живот, бидејќи во поголемиот дел од земјите членки на Европската унија (ЕУ) не е доволна за пристоен живот.

“Предлагаме рамка за минимална плата со многу почит кон националната традиција и слобода на социјалните партнери. Подобрување на условите за живот и работа нема да ги заштитат само работниците, туку и работодавачите кои исплаќаат пристојна плата, за да се создаде основа за праведно, инклузивно и одржливо закрепнување“, изјави претседателката на ЕК, Урсула вон дер Лејен.

Минимална плата постои во сите земји членки на ЕУ, а во 21 земја се пропишува со закон, а во шест (Австрија, Кипар, Данска, Финска, Италија и Шведска) минималните плати се договараат со колективен договор.

Фото: Freepik