Еко акција: Чаша полна отпушоци во замена за чаша сок или пиво

82

Приморско место во јужниот дел на Шпанија ја спроведува кампањата Las orillas sin colillas, што во превод значи крајбрежје без отпушоци.

Станува збор за малото крајбрежно место Естепона, околу 90 километри од градот Малага, коешто сака да ги одржува чисти своите песочни плажи, пренесува шпански Ecotisias.

На плажата има посебен пункт на којшто туристите може да донесат пластична чаша полна со отпушоци од цигари и за возврат да добијат пиво или сок.

На тој начин ова туристичко место ќе се избори со огромниот број остатоци од цигари што зад себе ги оставаат туристите, а завршуваат во морето, каде што им се потребни најмалку 10 години за да се разградат.