Фото: Toyota USA newsroom
Јапонскиот производител на автомобили, Toyota, го претстави својот еколошки автомобил Mirai со исто толку еколошка кампања.
“Toyota постојано е во потрага по нови еколошки технологии во сите операции на работа. Новата кампања за Toyota Mirai ќе ја пренесе силната порака до медиумите“, вели Марк Ангелакос, генерален менаџер за напредни технологии во Toyota.
Еколошки билборди, што ќе го рекламираат Toyta Mirai, ќе бидат поставени од трети април до 28-ми мај во САД. Вкупно 37 билборди ќе помогнат во прочистување на воздухот во Лос Анџелес и Сан Франциско.