Еколошка иверка направена од остатоци од компир

21

Фото: Pixabay

Дизајнерите Ронан Минклер и Роберт Никол користат остатоци од компири за да создадат еколошка алтернатива на материјали за еднократна употреба, пишува Dezeen.

Станува збор за еколошка иверка што го носи името Chips board. Материјалот, којшто во целост ги искористува лушпите од компирите, а може да се разгради без да остави последици за животната средина. За разлика од класичните иверки, овој еколошки материјал не содржи токсични материи и хемикалии.

Еколошкиот материјал, освен остатоци од компир, е измешан со влакна од компири, бамбус, дрво или хмељ.