Еколошка ламба со алги што се хранат со јаглерод диоксид

113

inovativna-lamba

Францускиот биохемичар, Пјер Калежа, дизајнираше еколошка ламба што може да се користи за улично или внатрешно осветлување, а во исто време ја намалува емисијата на јаглерод диоксид, пишува Inhabitat.

Ламбата работи без електрична енергија, а испушта светлина благодарение на зелените алги што се во нејзината внатрешност. Алгите ја создаваат енергијата преку процес на фотосинтеза, бидејќи тие се хранат од јаглерод диоксидот.

showcase-algaelamp_02

Една ламба може да апсорбира околу еден топ јаглерод диоксид од воздухот во период од една година. Исто толкава количина јаглерод диоксид апсорбираат околу 150 до 200 дрвја за една година.

Доколку овие ламби почнат масовно да се произведуваат тоа може да значи голем чекор во борбата против загадувањето.