Еколошка пумпа за наводнување што нема мотор и не користи струја

74

zemjodelie 1

Српскиот инженер Милош Јаковљевиќ осмисли еколошка пумпа за вода, којашто нема мотор и не користи струја, а значително може да го подобри наводнувањето на земјоделските површини, пишува Екапија.

Според него, во Србија се наводнуваат само околу 3% од земјиштето, додека во светски рамки таа бројка е околу 86%, па проблемот е во тоа што мора да се направи насочување на водата за наводнување.

Едно од најдобрите решенија се самопроточните пумпи за вода, коишто не трошат никаква енергија и немаат мотор.

Оваа водна ударна пумпа ја користи енергијата на слободен пад на текот на водата со помош на хидрауличен удар. Пумпата ја користи чистата кинетичка енергија на падот на водата, за да може таа да се подигне на нивото што е поголемо од изворот.

Пумпите од ваков вид, според иноваторот, се погодни за повисоки и брдски региони.