Еколошки панталони направени од пластични шишиња и кафе

32

pan

Фото: Kickstarter

Карен Ли и Тања Ли дизајнираа еколошки панталони за жени. Leze the Label се изработени од комбинација на 14,5 пластични шишиња и кафе.

“Секоја година 38 милијарди шишиња со вода се трошат и се отфрлаат во океанот. До 2050 година се проценува дека ќе има повеќе пластични од рибите во океанот. Ние ги користиме рециклираните пластични шишиња за да ја создадеме основата на ткаенина за овие панталони. Точно 14,5  пластични шишиња се користат за да се создаде еден пар пантолони“, велат дизајнерките.

Нивната еластичност нуди максимална удобност, иновативната технологија во ткаенината ја отстранува влагата од кожата за 200 % побрз процес на сушење во споредба со памукот и ги отстранува непријатните миризби, а појасот може да се додаде или отстрани за да го смени изгледот на панталоните.

Панталоните Leze the Label се поставени на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да соберат 5.000 долари. Средствата се собрани по само 12 часа од отпочнувањето на кампањата. До крајот на кампањата остануваат уште 22 дена, а веќе се собрани над 84.000 долари.