Еколошко решение – трева наместо асфалт на паркинг простор

136

Урбаните средини имаат голем проблем како да обезбедат доволно паркинг простор, а да не биде уништена поголема тревна површина.

Едно еколошко решени се таканаречените тревни решетки што на површините им даваат соодветна стабилност и основа за зачувување на природниот изглед. Станува збор за мрежа решетки во форма на саќе – АСО Areal, а се направени од 100% рециклиран материјал, овозможувајќи површината на биде озеленета и да може да се користи за паркирање на возила, пишува Градња.

Покрај заштедата на трошоци за одводнување, употребата на овој систем овозможува и зачувување на природниот циклус на кружење на водата бидејќи површината пропушта вода за разлика од бетонот.

ACO Areal е едноставна за ракување и вградување, а решетката е доволно цврста да може да се користи и за пожарникарски патишта. Отпорноста на УВ зрачењето овозможува долг век на траење, а она што е најважно е дека ова решение е економично, бидејќи е поповолно од асфалт или бетон.

Фото: Freepik