Економии од кои најмногу се очекуваше, а лошо одговорија на кризата

83

Како што Ковид-19 се ширеше низ целиот свет, така се побиваа предрасудите за тоа кои места може најдобро / најлошо да се приближат до најтешката криза со јавното здравство во модерното време.

Беше сигурно дека напредните светски економии како САД и Велика Британија ќе се истакнат меѓу најдобрите, кои според некои параметри беа “најподготвени за пандемија“, но тоа не се покажа како точно. Овие земји се поплавени со нови случаи на инфекција со месеци и се враќаат на строгите блокади.

Во меѓувреме, другите земји,  дури и земјите во развој се спротивставија на очекувањата и успеаја поефикасно да спречат огромно ширење на Ковид-19 во рамките на нивните граници и со тоа да ја зачуваат економијата.
Bloomberg направи список на земји каде што вирусот најмалку ги вознемири општеството и бизнисот.

Во предвид беше земено следново: колку вирусот се шири во една земја и колкава е стапката на смртност од неа, потоа капацитетите за тестирање на Ковид-19 и договорите што земјите ги потпишаа со компаниите што ја прават вакцината.

Анализата вклучи 53 места во светот, а Bloomberg исто така се обде да предвиди како понатму ќе се развиваат одредени економии.

На прво место на листата се најде Нов Зеланд, кој прогласи карантин на 26 март, пред ниеден евидентиран случај на инфициран човек. Исто така, оваа земја и подоцна ога короната “влезе“ во земјата успешно се бореше со вирусот.

Премиерката Џасинда Ардерн, веднаш ги алармираше надлежните да ги следат контактите и да тестираат луѓе, што во добар дел помогна да се спречи ширењето на вирусот.

Иако туризмот многу претрпе поради затворањето на грниците, дојде до раст на домашниот туризам, со што закрепна економијата. Нов Зеланд има договор со Pfizer  и BioNTech за снабдување со вакцина.

Нов Зеланд од  Bloomberg  доби 85,4 поени кога станува збор за степенот на отпорност на вирусот.

На второ место е Јапонија, со 85 поени и најголеми шанси за брз и ефикасен пристап до вакцина против Ковид – 19. Потоа следат Тајван и Јужна Кореа со 82,9 односно 82,3 поени. На петто место е Финска која има 82 поени, и солидни шанси за притап до вакцина.

Норвешка, Австралија и Кина имаат над 80 поени, а потоа следат Данска, Виетнам и Сингапур. На 12 место е Конг Конг, на 13 е Канада со одлични шанси за ран пристап до вакцина, а потоа следат Германија, Тајланд, Шведска, ОАЕ, САД, Индонезија и Ирска.

Пред Велика Британија која е на 28 место и Италија и Шпанија кои го заземаа 40 и 41 место се наоѓаат Израел, Русија, Холандија, Бангладеш, Египет, Швајцарија, Пакистн.

Фото: Freepik