Економиите пропаѓаат бидејќи сега го купуваме само она што ни треба

122

Сите економии ќе пропаднат или ќе имаат значајни падови само затоа што го купуваме она што ни треба, односно не го купуваме она што не ни треба, смета Душан Узелац, финансиски советник и основач на порталот Каматица.

Тој забележува дека постои финансиски имунитет меѓу компаниите, којшто е сличен како здравствениот, па така постојат отпорни и неотпорни компании.

“Оној кој има имунитет може да ги преживее камењата под тркалата, а кој го нема ќе направи судар. Тоа е нешто важно што треба да се разграничи. Има и големи компании што се пред затворање. Колку е некој поголем, толку е полесно да падне. Помалите компании можат полесно да ги соберат трошоците и побрзо да реагираат на некои работи, но во овој случај зборуваме за мали, семејни бизниси коишто зависат од потрошувачите“, смета Узелац.

Кога станува збор за туризмот, тој смета дека луѓето, како корисници на тие услуги, парите што вообичаено би ги оставиле парите во странство, сега треба да планираат да ги остават во својата земја.

“Туризмот во Белград трпи последици бидејќи зависи од странски туристи, но затоа во внатрешноста цвета. Ако се обидете да резервирате сместување во селски туризам, ќе видите дека нема ништо слободно до септември“, вели тој.

Тврди дека производството на храна ќе биде помалку изложено на проблеми, само да нема затворање на границите за извоз.

Фото: Freepik