Eкономиите во светот ги прошируваат дефицитите за да ја стимулираат економската активност

26

Ковид е најголемата економска криза која се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година и кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот, на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два квaртала, резултатот на земјава е -6,4%, за првите два тримесечја. Во регионот Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската унија е – 6,4%, Германија -6,5% , Хрватска -7,8%, Словенија -7,9%, Белгија -8,5%, Аврстрија -8,9%, Италија и Франција -12,1%, Велика Британија -12,3% согласно Евростат.

Во однос на буџетскиот дефицит, тој е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на Ковид-кризата. Така на пример, Норвешка – земја која традиционално има висок буџетски суфицит од над 7,6% од БДП во просек во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит. И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора -10,4% од БДП, Албанија -8,4%, Србија -8,1%, Хрватска -8,1%, Косово -7%.

Бесими посочува дека опфатот ковид-кризата во однос на светската финансиска криза од 2009 година и на должничката криза од 2012 година е значително повисок во однос на опфатените економии, како и од висината на импактот на кризата.

Фото: Freepik