Економијата на БиХ во депресија

59

Босна и Херцеговина 2020 година ја завршува со пад на бруто домашниот производ за околу 5%. Поради големиот пад на економијата, последиците се неминовни, а според сите показатели, БиХ повеќе не е ни во рецесија, анализира Дојче Веле.

Силниот пад на економската активност ја одбележа економијата во БиХ во изминатата година, а тоа ќе се почувствува во сите сектори. Оптимистичните прогнози покажуваат дека значаен раст на економијата не може да се очекува до 2022-ра година, а дотогаш последиците од економскиот пад, што  во висина од четири до 5%, ќе има силен ефект и во новата година.

По дефиниција, рецесија се смета кога има пад на економијата два последователни квартали, а депресија е доколку тој пад продолжува и по тој временски период.

Со оглед на тоа што БиХ бележи поголем пад трет квартал по ред, економистите тврдат дека оваа година ќе биде уште полоша, а податоците за претходниот раст се “шминкале“ за политички цели и потреби.

Фото: Freepik