Економијата на еврозоната со најголем раст во последните 15 години

16

Економијата на еврозоната во јуни забележа најголем раст во последните 15 години, благодарение на зголемената побарувачка, покажува анализата на Markit.

Вакцинирањето против коронавирусот го ублажи притисокот на здравството и овозможи укинување на одредени ограничувања за услужните компании, коишто веќе почнаа да се прилагодуваат на новите услови на работа.

Во такви услови, индексот на менаџери за набавка во приватниот сектор во земјите од еврозоната во јуни порасна за 2,1 поен во однос на мај, на 59,2 поени, што највисоко ниво од јуни 2006-та година.

“Економијата на еврозоната расте со темпо што не е забележано во последните 15 години, бидејќи компаниите имаат огромен раст на побарувачката“, рекол Крис Вилијамсон, главен економист во Markit.

Фото: Pexels