Економска соработка преку креативна и отворена дискусија со Црна Гора

2

Министерот за економија, Крешник Бектеши се сретна со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Марија Петровиќ.

Министерот Бектеши и амбасадорката разговараа за предизвиците со кои се соочуваат сите земји од регионот на Западен Балкан, вклучително и негативните ефекти на пандемијата врз економиите, како и можностите за понатамошно унапредување на трговската соработка меѓу двете земји.

Амбасадорката Петровиќ честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.

Министерот Бектеши потенцираше Северна Македонија и Црна Гора имаат традиционално добра билатералната соработка, кажа дека сите земји од регионот на Западен Балкан се соочуваат со исти или слични предизвици, а за нивно надминување потребна е заедничка соработка и реакција.

Амбасарорката Петровиќ и министерот Бектеши се согласија дека кризата предизвикана од пандемијата, пред сè врз економиите на Западен Балкан е голем предизвик за сите земји.

Министерот ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред сè во делот на поддршка на економијата, за што двајцата се согласија дека со взаемната соработка можеме да го искористиме моментот и посилни да влеземе во пост-ковид периодот.

Петровиќ и Бектеши потврдија дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.

Министерот Бектеши и црногорската амбасадорка Петровиќ, се заложија на понатамошна соработка во насока на подобра економска соработка помеѓу двете земји, преку креативна и отворена континуирана дискусија.