Економската состојба на деловните субјекти поповолна во мај

36

00120065-0000-0000-0000-000000000000_00000065-0763-0000-0000-000000000000_20121231132912_UpArrow_080912_RF_300Раководителите на деловните субјекти ја оценуваат економската состојба во изминатиот месец како поповолна во однос на месец април, а како понеповолна во однос на мај 2012 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на  претходниот месец. Обемот на производството во мај 2013 година е исто така поповолен во однос на претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека очекувањата за бројот на вработените се понеповолни.

Залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали во мај 2013 година се под и околу нормалата, а залихите на готовите производи се намалени во споредба со претходниот месец.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај годинава изнесува 60,8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство имале недоволната странска побарувачка со 26,8%, недоволната домашна побарувачка со 18,4%, финансиските проблеми со 11,7% и конкурентниот увоз со 8,9%.