Економски истражувања: Растот на Германија ќе забави на 2,7 отсто

60

Пет водечки германски институти за економски истражувања значително ги ревидираа надолу изгледите за економски раст на Германија за оваа година во нивниот пролетен извештај, истакнувајќи дека националната економија „плови низ турбулентни води“ и се соочува со највисоки стапки на инфлација во последните неколку децении.

Закрепнувањето од корона-кризата се забавува како резултат на војната во Украина, но останува на вистинскиот пат, според институтите DIW од Берлин, IFO од Минхен, IfW од Кил, IWH од Хале и RWI од Есен, кои предвидуваат дека БДП на Германија ќе се зголеми за 2,7 отсто оваа година и за 3,1 отсто во 2023 година.

Во случај на непосреден прекин на снабдувањето со руски гас во двете години, би биле загрозени вкупно 220 милијарди евра на германската економија, се наведува во резимето на извештајот од минхенскиот институт IFO.