Економски раст на Франција и Германија од 0,2%

21

Во Франција и Германија економскиот раст во третиот квартал годинава беше 0,2%, соопштија статистичките агенции на двете држави.

За Германија тоа е побавен раст отколку во првата половина на годината, додека за Франција е прв раст по една година и така избегна рецесија.

Германската економија во третиот квартал бележи помал раст за ралика од претходните квартали, соопшти Федералната статистичка канцеларија.

Во првиот квартал оваа година е забележан раст од 0,5%, а во вториот од 0,3%.