Економскиот раст на еврозоната во вториот квартал годинава е 0,3 отсто

15

Во вториот квартал од 2024 година, економијата на еврозоната порасна за 0,3 отсто квартално, со исто темпо како и економијата на Европската унија.

Ова е втора прелиминарна проценка чии податоци се во согласност со првата проценка, објави денеска Евростат.

Темпото на економски раст е исто како и во првиот квартал од 2024 година, кога економиите на еврозоната и ЕУ исто така пораснаа за по 0,3 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година.