Експериментален Covid free ресторан во Франција

33

Додека рестораните во Франција уште се затворени, без најава кога повторно би биле отворени, се појави еден експериментален covid free ресторан. Станува збор за веќе постоечки ресторан кој има и Мишелинова ѕвезда, а го носи името La Maison des Tetes, којшто го води шефот Ерик Жирарден и неговата сопруга Мелини кои во последните неколку месеци го трансформираа ресторанот во своевидна лабораторија за иновации.

На влезот во ресторанот се наоѓаат дезобариери, а на секоја маса има средство за дезинфекција и мени за еднократна употреба. Преградите од плексиглас меѓу масите во француските ресторани беа воведени уште од почетокот на пандемијата. Во кујната на ресторанот се користат само крпи за еднократна употреба, чешмите се на сензор, додека кантите се отвораат само со нога.

Интересно е што ресторанот има и тунел за УВ дезинфекција што овозможува “третман за дезинфекција на секое подготвено јадење“ пред да биде послужено на масата, со потврда од лабораторија за вируси и бактерии. Рачките во рестораните, тоалетите и заедничките простории се прекриени со деконтаминиран премаз… За сите овие детали, француските угостители одвоиле 12.000 евра, пренесува vinoifino.rs.

Фото: Pexels