Експлодираше побарувачката за Barbie во време на криза

21

Меѓу главните потрошувачки хитови во време пандемија, освен Netflix и Nintendo, со право за свое место се избори и 61-годишната кукла Barbie.

Години наназад оваа култна кукла, со којашто пораснаа многу генерации, често беше и цел на критики… Но, Mattel, компанија што стои зад Barbie, покажува најголем раст на продажбата во пандемиската година, што е највисоко ниво во последните две децении, пишува Bloomberg.

Според анализите, акциите на компанијата во последната година пораснаа за дури 50%.

Пред само неколку години, иднината на Barbie беше под знак прашалник поради намалената потрошувачка, а компанијата што долго време доминираше на пазарот на кукли во САД, ја губеше трката со конкуренцијата. Но, Mattel почна со силна трансформација во работењето во 2018 година што ги дава и резултатите.

Фото: Pixabay